Инстаграм-ѕвездата Наталија Тејлор признала дека ги лажела своите пријатели и со тоа покажала дека навистина не смееме да веруваме во сè што ќе видиме на социјалните мрежи.
Амерканката, имено, објавила фотографии „од Бали“, но нејзините фотографии, всушност, настанале во локалната продавница на „Икеа“.
Низата фотографии од „луксузната соба на Бали“ се објавени една по друга, а нејзините 310.000 обожаватели „паднале во несвест“ и не престанале да ѝ даваат комплименти.
Некои од нив дури ги споделиле своите искуства од Бали па ѝ препорачале што да посети при следната посета на Бали.
Во текот на фотографирањето отстранила некои цени од артиклите, но неколку од нив не ги избришала од фотографијата за сепак, да остави траги на оние кои се „премногу паметни“ за овој предизвик.
Тејлор со тоа направила успешен експеримент. Сакала да се пошегува со своите пријатели и да види дали навистина ќе поверуваат дека се на инфлуенсерски одмор, а подоцна на Јутјуб признала дека сите фотографии се, всушност, направени во ИКЕА.
Сè што гледате на интернет не е секогаш онака како што ви изгледа, а особено во денешно време кога можете да се претварате дека сте кој и да е на светот – порачала Тејлот па се зачудила зошто никој не го преиспитал нејзиниот „одмор“.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин