Ги разоткри фотографијата? Бредли има траги на устата од карминот на Леди Гага (ФОТО)

Сега „кружат“ фотографии од 24 септември 2018 година кога го промовирале филмот „Ѕвездата е родена“ во Лос Анџелес.

2709
ФОТО: EPA / AARON POOLE / AMPAS / HANDOUT

Приказната за наводната љубовна афера на пејачката Леди Гага (32) и актерот и режисер Бредли Купер (44) од ден на ден добива нови продолженија.

Сега „кружат“ фотографии од 24 септември 2018 година кога го промовирале филмот „Ѕвездата е родена“ во Лос Анџелес. Обожавателите тврдат дека на фотографиите се докази дека во текот на прес турнејата помеѓу нив, сепак, нешто се случило.

Леди Гага и Бредли Купер заедно насмеани позирале, а тој на усните има траги од нејзиниот црвен кармин. Фотографијата, секако, веднаш го „запали“ интернет.

Додека едни обожаватели тврдат дека двојката се бакнувала, други ги бранат дека сигурно случајно го промашиле образот и незгодно се бакнале во дел од устата.

„Сигурно веќе паднал секс. Таа хемија помеѓу нив е премногу очигледна. Со толку страст Бредли не гледа ниту во својата девојка Ирина“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Меѓутоа, Леди Гага за сето тоа првпат проговори на крајот на февруари во емисијата на Џими Кимел.

– Го видовте она што ние сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа – рекла пејачка, со што ги демантирала наводите дека таа е вљубена во Купер и дека имале афера.

ФОТО: EPA/AARON POOLE/AMPAS/HANDOUT

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...