Околу 6 часот на улицата Методија Шаторов Шарло во главниот град, скопската полиција ги привела 53-годишниот С.Д. и неговиот 22-годишен син А.Д. од Скопје. Како што е наведено во полицискиот билтен, таткото бил во алкохолизирана состојба и агресивно се однесувал кон полицајците кои постапувале по претходна пријава.
При обид да го приведат, информираат од МВР, полицајците биле физички нападнати од неговиот син А.Д, а кратко потоа двајцата биле предадени за понатамошна постапка.