Ги исекле стативите на стадионот во Кавадарци, Јанчев го осуди вандализмот и најави реконструкција

1017

Непознати сторители синоќа на градскиот стадион во Кавадарци направиле вандалски чин и ги исекче стативите на теренот. Скандалозниот чин најверојатно како израз на незадоволство по лошите резултати на ГФК Тиквеш во последно време, пишува поралот спортски. 

Вчера по поразот од Кожуф (0:1), тренерот Димитковски поднесе оставка, но градоначалникот и раководството не ја прифатија.

Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на управниот одбор на ГФК Тиквеш, Миле Масларков порачаа дека ваквиот чин на вандализам  ќе им даде поттик да се направи уште повеќе за градскиот фудбалски клуб „Тиквеш“.

– Ако подлегнеме на вандализмот и на вакви ситуации и притисоци, не ни преостанува ништо, освен да оставиме се на случајност и да се вратиме на последно место во втора лига. Јас сум борец, исто како и тимот околу мене, тие ја имаат мојата поддршка и ќе го надминат овој момент на криза. Ќе одржиме состанок на кој ќе се направи една анализа, со луѓе компетентни во областа на фудбалот, со цел враќање во првата лига. Во моментот општината заедно со Агенција за млади и спорт, имаме распишано тендер од 13 милиони денари, за реновирање и реконструкција на теренот. Замислете, ако се соочуваме со вакви вандализми, ако се уништува нашето добро, кое е на сите граѓани, а не на некој поединец, тоа значи залудно трошење на пари, но и губење на нерви на овие луѓе кои живеат за спортот и вложуваат многу во него – рече Јанчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...