Гинисовата книга на рекорди му врачи признание на стоматолог од Офенбах, Германија, откако извадил заб долг 37 милиметри.
Притоа, три четвртини биле под горната вилица, од десната страна. Д-р Макс Лукас му го извадил болниот заб на пациентот лани во градот Мајнц, а рекордот сега е официјално потврден.
Забот влезе во книгата на Гинисови рекорди како најдолгиот човечки заб.
Според хрватските медиуми, пациентот бил Хрват, по име Мијо Водопија (63).