Гинеколозите од болниците ќе станат и матични

Во некои градови се соочуваме со сериозен недостиг и практично нема гинеколози во Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Пробиштип, додаде Филипче. 

600

Комисија од Министерството за здравство со искусни гинеколози направи проверка и ги посети сите здравствени установи каде има недостиг од гинеколози. Ќе се дадат дозволи овие установи повторно да ги вратат гинеколошките диспанзери, а гинеколозите кои работат во болниците да може да дадат услуга како матичните гинеколози односно за примарно ниво. На тој начин ќе ги искористиме постојниот број на гинеколози, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече дека верува оти со оваа мерка и прием на сите млади доктори кои ќе завршат, тие ќе се најдат себеси и ќе сакаат да специјализираат и во оваа сфера.

– Разговаравме со повеќе меѓународни институции и Светската банка која прави проценка на системот на примарно ниво, а беа вклучени пред 10-ина години во имплементација на реформа на тоа ниво. Се разви тогаш системот на капитација и матични лекари, меѓутоа во некои градови се соочуваме со сериозен недостиг и практично ги нема во Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Пробиштип, додаде Филипче.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...