Гинекологија: Ниту едно од новороденчињата во инкубатор не беше загрозено поради кусиот прекин на струја  

Секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.

229

Ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија. Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ – одделението за интензивна нега и терапија се стабилни, информираа денеска од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.    

Оттаму нагласуваат дека службите веднаш реагирале и во најкус временски период ситуацијата била ставена под контрола.

– На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот. Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период  кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија – додаваат од оваа установа. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...