Европскиот портал Еурактив пренесува изјави на Никос Гзидакис, „влијателен пратеник“ од Сириза, како што го нарекува авторот на текстот.
Во интевју за Еурактив, Гзидакис оценил дека и покрај непостигнатиот цензус на референдумот, премиерот Зоран Заев има “клучен политички бенефит“ бидејќи над 600 илјади гласачи излегоа да гласаат, а над 90 отсто од нив го поддржаа Договорот.
– Гласот „ЗА“ е голема бројка и му дава на Заев клучен политички бенефит. Бројките би можеле да бидат повисоки, но Заев сега има критична маса да му помогне да го однесе договорот во Собрание и да продолжи со уставните измени предвидени во Преспанскиот договор, вели Гзидакис.
Запрашан дали смета дека Заев ќе успее да ја убеди опозицијата да се придружи, пратеникот изјавил дека е можно со оглед на тоа дека отпорот на опозицијата е помал од порано.
-На Заев му недосигаат 11 гласови, инаку може да оди на предвремени избори, во тој случај тие 500 илјади гласови кои се за ЕУ и НАТО ќе одат за Заев, смета пратеникот од Сириза.