Героски предупреди: 720.000 евра од Силјан Мицевски не се уплатени на сметката на Меѓународен сојуз!

Истражувачка репортерска лабораторија пред речиси еден месец ги побара годишните сметки на оваа Меѓународниот сојуз и од нив може да се види дека за две години колку што постои оваа организација, имало вкупно 5.500 евра. На сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, нема ни трага од парите за кои бизнисменот Силјан Мицевски денеска тврдеше дека ги префрлил на сметката на невладината,

8187

Пред да даде исказ во врска со случајот „Рекет“ кај шефицата на организиран  криминал Вилма Русковска, бизнисменот Силјан Мицевски денеска изјави дека 720.000 евра за старечки домови кои никогаш не беа изградени, не ги уплатил на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на сметката на Меѓународниот сојуз.

На прашањето дали се сретнал со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, тој рече: „не, со Меѓународниот сојуз се договоривме преку договор“, а на прашањето од  како ќе си ги врати парите, кратко одговори: „ќе го прашате Бојан“.

По неговата изјава новинарот Бранко Героски преку својот профил на Фејсбук изрази надеж дека обвинителката е внимателна, истакнувајќи дека некој овде опасно лаже:

„Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм…. Бабата на чија сметка биле уплатени парите сведочеше дека ги подигнала и дека потоа некоја жена и ги зела. Арафат Муареми од Финансиската полиција јавно изјави дека порано ја испитувале трансакцијата на сметката на бабата, но дека не нашле ништо сомнително. Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација. Се надевам дека обвинителката Русковска е внимателна. Зашто, станува збор за 720.000 евра, за кои се уште не се знае кај се“, напиша Героски на својот профил на Фејсбук.

Истражувачка репортерска лабораторија пред речиси еден месец ги побара годишните сметки на Меѓународниот сојуз и од нив може да се види дека за две години колку што постои оваа организација, имало вкупно 5.500 евра. На сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, нема ни трага од парите за кои бизнисменот Силјан Мицевски денеска тврдеше дека ги префрлил на сметката на невладината, а не на пензионерката Лилјана Тодоровска.

„Ова е втор пат Мицевски да се предомисли во однос на тоа каде ги префрлил парите. Пред еден месец телевизија Телма објави изјава од бизнисменот дека парите ги префрлил на име на Тодоровска затоа што знаел дека е нејзина идеја“, наведува ИРЛ.

Пари од компанијата на Мицевски не легнале на сметката на Меѓународен сојуз ниту како донација. ИРЛ од Министерството за правда ја побарала целосната листа на донатори на невладината на Јовановски, но меѓу нив не е и битолската компанија на Мицевски. Пари на организацијата донирале Тинекс и МЗТ Аеродром во вкупен износ од 73.800 евра.

„До Министерството за правда се доставени три барања за потврдување на јавен интерес за невладината Меѓународен сојуз Скопје. Две барања се од ДТГМУ Тинекс МТ ДООЕЛ, од кои едното барање е за износ од 500.000 денари и второто барање е за износ од 200.000 денари. Третото барање е од КК МЗТ Скопје Аеродром, за износ од 500.000 денари“, се наведува  во одговорот од Министерството за правда.

На завршните годишни сметки на Сојузот, парите добиени од донации не се прикажани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...