Героски: Пет пратеници од таборот на Мицкоски би можеле да гласаат за уставните промени

7082

Пет пратеници на ВМРО – ДПМНЕ од таборот на лидерот Христијан Мицкоски ќе се приклонат кон групата пратеници од оваа партија која ги поддржува уставните промени за спроведување на Договорот од Преспа, изјави вечерва Бранко Героски, главниот уредник на „Слободен печат“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Героски прецизираше дека станува збор за непотврдена информација и се повика на извор од партијата, но и на дипломатски извор од Скопје.

Според уредникот на „Слободен печат“, новите пет пратеници што ќе ги поддржат уставните промени нема да добијат јавна поддршка од Мицкоски, кој ќе продолжи со својата досегашна реторика против Договорот од Преспа за да ги сочува симпатиите на дел од членството, но станува повеќе од јасно дека притисокот на сестринските народни партии што кулминираше на самитот во Хелсинки, сепак ќе вроди со плод и Мицкоски со западни дипломати во Скопје веќе разговарал за тоа како да го промени курсот на партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...