Героски: Изјавата на Заев е шокантна, дискриминирачка и заканувачка

Прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?, прашува Героски.

9358

Шокантна, дискриминирачка и заканувачка – вака новинарот Бранко Героски ја оцени најновата изјава на премиерот Зоран Заев, во која тој рече дека нема да дозволи „група криминалци, еден суетен новинар и еден педер“, да ја урнат власта.

Го пренесуваме во целост постот на Героски на Фејсбук, кој е реакција на изјавата на Заев:

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од „криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. „Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници. Дали кога вели „еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува? Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...