Героски за ТВ21: Уште најмалку шест лица се вклучени во рекетирањето

16325

Уште пет или шест луѓе учествувале во целиот скандал, а истрагата на Обвинителството треба да ги докаже овие сомнежи, вели новинарот Бранко Героски, во интервју за ТВ 21.

Героски вели дека не би сакал да изнесува имиња, ниту повеќе детали, бидејќи со тоа би ѝ наштетил на истрагата.

– Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските меѓу двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица, според моја проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет. Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет, во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица – изјави Героски за ТВ 21.


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...