Вистински компрмис е кога двете страни се незадоволни. Далеку е од тоа дека треба да се говори за триумф, но и за поразеност. Мислам дека имаме едно реалистично решение, кое во основа ги задоволува и двете страни. Oва во вечерашната дебата за договорот со Грција со Ристо Никовски го изјави Бранко Героски.
– Можеме да дебатираме дали можело и подобро, но во овој момент извлечен е максимумот од процесот. Не сум срекен што ерга омнес е и за внатрешна употреба, но решението зависи од објективните можности, проценето е од страна на владата спорот да се заврши на начин да се зачува идентитетот, јазикот македонски, националноста македонска, во основата на композитното име е нашето историско име Македонија, и тоа се смета како сериозно големо достигнување. Можело да се преговара уште 25 години, но одлагањето не секогаш беше мудра идеја – изјави
Геровски.
Според Никовски Грција доби апсолутно сѐ што бараше, јазикот и идентитетот биле на маса, сега тоа е потврдено.
– Со ваквиот догвор, ако биде потпишан, нашите маки не престануваат туку одново почнуваат. Ова е директна апсолутна наша капитуалција. Ова е катастрофа , а сега се претставува како наш голем успех и дека се зајакнува идентитетот, тоа е манипулација – рече Никовски.
Никовски неколку пати повтори дека Македонија не добива ништо, туку само губи.
– Да пробаме да побараме еден крак од Халкидики, ако не, ако така гледате на добивање. Што сакате вие да добие Македонија од договорот? Добиваме отворена врата кон НАТО и ЕУ – одговори Геровски.
Повеќе детали од дебатата за договорот со Грција погледнете во
најновото издание на „Само вистина“: