Германците во францускиот претседател Емануел Макрон гледаат државник со најголема доверба, дури и поголема од германската канцеларка Ангела Меркел, иако тој годинава со своите изјави предизвика голема врева во ЕУ и НАТО, а милиони луѓе во неговата земја протестираат на улиците.
Истражувањето на институтот „Кантар“ покажа дека Германците имаат најголема доверба, или 57 отсто, кон Макрон. На германската канцеларка, пак, и веруваат „само“ 53 отсто од Германците, тврди институтот.
Ако работите со довербата се гледаат од друг агол разликата е уште поголема, бидејќи 44 отсто од Германците навеле дека немаат доверба во Меркел, додека за Макрон такво нешто кажале само 32 отсто.
Макрон е најомилен меѓу германските гласачи на Зелените ( 75 отсто) , но и меѓу социјалдемократите (73 отсто).
Интересен е и податокот дека доверба во Макрон имаат и 42 отсто од гласачите на десничарската Алтернатива за Германија (АФД).
Рускиот претседател Владимир Путин не е омилен државник за Германците бидејќи нему не му веруваат дури 67 отсто од испитаниците. Меѓутоа, најнеомилен за нив е американскиот претседател Доналд Трамп, кому не му веруваат 89 отсто.
Зад него е турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон кого поддрша покажуваат само шесто отсто Германци, додека недоверба 86 отсто. По него, следи британскиот премиер Борис Џонсон кому му веруваат само 12 отсто Германци.