Германското МНР посака добредојде на новиот партнер на НАТО

395

Германското Министерство за надворешни работи денеска го честита потпишувањето на Пристапниот протокол на Република Македонија за членство во Северноатланската Алијанса, изразувајќи добредојде на новиот НАТО – партнер.

„Идната Република Северна Македонија е на патот да стане НАТО сојузник. Пристапниот протокол е потпишан сега очекуваме ратификација од секоја од земјите – членки. Благодарение на договорот за името меѓу Скопје и Атина со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде на новиот НАТО – партнер“, стои на твитер профилот на германското МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...