Германски турист спасен од смрзнување во Брезовица, го барале 4 часа

407

Германски државјанин се загубил вчера во околината на месноста и скијашкиот центар Брезовица на косовската страна од Шар Планина, каде што излегол да се скија, но заскитал поради густата магла – јави дописникот на МИА од Приштина.

Германскиот турист, идентификуван како Патрик, бил пронајден од спасувачките екипи синоќа околу 21 часот, по четиричасовна потрага.

Како што јавија косовските медиуми, гостинот од Германија се загубил откако, додека скијал, вчера доцна попладне на еден од планинските врвови оддеднаш паднала густа магла, а потрагата по него почнала откако се јавил по телефон на една пицерија во близина на скијачкиот центар, чиј број случајно го зачувал во својот мобилен телефон.

Спасувачите информираа дека Патрик физички се чувствува добро, само што бил потресен од настанот, но го продолжува одморот во Брезовица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...