Германскиот амбасадор испрати телеграма до семејствата на загинатите

64

Амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих, испрати телеграма со сочувство до премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче во која  изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Тетово.

– Длабоко ме погоди веста за тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово што се случи вчера вечер. Ви изразувам најдлабоко сочувство и од името на германската Амбасада. Нашето длабоко сочувство го упатувам особено до семејствата на жртвите – се вели во телеграмата од германскиот амбасадор Герберих.

Во автобуска несреќа меѓу селата Карпалак и Ласкарци вчера околу 17 часот животот го загубија 14 лица, а 37 беа повредени, од кои седум во тешка здравствена состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...