Германската влада даде виза за прием на Македонија во НАТО

296

Владата во Берлин даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пишува Дојче Веле.

Приклучувањето на Македонија во НАТО, како што стои во соопштението од германската влада, е важно за безбедноста во евроатлантскиот простор и тоа е „важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“.

– Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...