Германија треба да го искористи ЕП 2024 за да ги покаже европските вредности и да ја зајакне социјалната кохезија, изјави претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС), Рајнхард Гриндел.
Земјата доби право да го организира големиот фудбалски собир, а нејзината кандидатура имаше предност пред онаа на Турција поради разликата во почитувањето на човековите права во двете земји.
– Прашањето со човековите права одигра главна улога при изборот на домаќин. Тоа никогаш не било поважно – рече Гриндел за време на настан на ГФС во Берлин.
Тој додаде дека германската фудбалска централа ќе се бори против сите видови дискриминација и расизам, а ќе бидат охрабрени и клубовите кои прават напори во таа насока.