Германија ќе воведува „министерство за осамени“

234

Германија размислува за воведување посебен оддел при Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани.

– Досега малку внимание им се посветувало на болестите кои ги предизвикува осаменоста. Едно неодамнешно истражување покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести, како што се депресија, анксиозност, но и болести на крвниот систем – изјави функционерот од редовите на социјалистите Карл Лутербах.

Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе оддел при Министерството за здравство што ќе се занимава со осаменоста и штетите кои ги причинува таа појава врз општеството.

Идејата за формирање посебен оддел за осамени ја поддржа и членот на демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ Маркус Вејнберг.

– Мора да има повеќе места и програми кои на осамените луѓе ќе им овозможат вклучување во општествениот живот – истакна Вејнберг.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...