Германија победи во најдолгиот тај-брејк во историјата на Дејвис купот

Тие за 3 часа и 18 минути ги совладаа Аргентинците Максимо Гонзалез и Леонардо Мајер со 6:7, 7:6, 7:6.

554

Германците Кевин Кравиц и Андреас Мис го добија најдолгиот тај-брејк во историјата на Дејвис купот со резултат 20:18. Тие за 3 часа и 18 минути ги совладаа Аргентинците Максимо Гонзалез и Леонардо Мајер со 6:7, 7:6, 7:6.

Германците ја добија пресметката со Аргентина со 3-0.

Најдолгиот тај-брејк во игра на двојки за мажи се случи во 1985 година во првото коло на Вимблдон. Тогаш, Дане Мајкл Мортенсен и Швеѓанецот Јан Гунарсон ги совладаа Австралиецот Џон Фраули и Парагваецот Виктор Печки со 6:4, 6:4, 3:6, 7:6 (26:24).

Најдолгиот тај-брејк во историјата на тенисот се одигра во 2013 година во квалификациите на ИТФ турнирот во Флорида. Претставникот на Монако, Бенџамин Балере, го совлада сонародникот Гијом Кујалар со 7:6 (36:34), 6:1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...