Германец пронајден починат во куќа во демиркапиското село Чифлик

372
Вчера околу 18,00 часот во куќа во демиркапиското село Чифлик, бил пронајден починат без траги од насилство Е.Ј.(68) од Р Германија, кој престојувал во куќата.
– Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од ПС Неготино. По наредба  на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...