Герберих: Има добри изгледи за почнување со преговорите пред самитот во Загреб

265

Германскиот амбасадор Томас Герберих оценува дека се реални шансите нашата земја да добие датум за почеток на преговори пред мајскиот самит на ЕУ во Загреб.

– Ставот во целина е позитивен. Во моментов според мене, има добри изгледи пред самитот во Загреб да се започне со пристапни преговори со Северна Македонија. Ја даваме нашата поддршка и остануваме партнери во рамките на ЕУ во оваа насока – вели амбасадорот Герберих во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Амбасадорот додава и дека, според него, донесувањето на законот за Јавно обвинителство ќе биде од корист за започнувањето на преговорите.

– Сега ќе зависи од опозицијата во Парламентот и владината коалиција да постигнат согласност, и по можност брзо да го изгласаат законот – вели Герберих.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...