Георгиески: Охрид ќе го направиме посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација

504

Последниот ден пред стапување на предизборниот молк, кандидатот за градоначалник на Охрид на СДСМ Константин Георгиески се осврна на целиот процес од изборната кампања, притоа истакнувајќи дека изминатите 18 дена охридската и пошироката јавност била запознаена со неговите идеи, планови и конкретни мерки за Охрид.

– Во овој период водевме исклучително позитивна кампања. Го промовиравме сработеното, а посебен акцент ставивме на нашата програма за идниот период. Програма составена од реално остварливи проекти базирани на проблемите и потребите на охриѓани, рече тој притоа забележувајќи на, како што рече, „безобзирни напади базирани на лаги и инсинуации“ од политичкиот противник – вели Георгиески.

Според него, противкандидатот не успеал да се надмине себеси, обидувајќи се својата безидејност и немоќ да ја компензира со ниска, примитивна кампања.

– Атакува политичкиот противник на мојот личен интегритет и кредибилитет, потценувајќи го Охрид и охриѓани. Но дури и тоа е разбирливо. Авторите на црната кампања се во белата палата во Скопје, а нивните читачи на соопштенија и говори од охридскиот комитет, очигледно, и не знаат подобро. Затоа, горд сум на наративот и високото ниво на политичка култура кое го покажавме за време на кампањата. Воведуваме нови стандарди. Времето на манипулаторите и сеачите на магла е завршено. Има разлика! Има голема разлика а охриѓани најдобро го знаат тоа – рече тој.

Во пораката до охриѓани Георгиески посочи дека Охрид има огромен потенцијал, но му се потребни вистински луѓе, посветени професионалци кои тимски, заедно, ќе го направат Охрид посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација. Тој ги повика со своето присуство на вечерашниот митинг да ја демонструраат својата бројност, сплотеност и цврста определба за исчекор напред.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...