Георгиевски и Јанкоски бараат јавно извинување од претседателката на Антикорупциска

1703

Градоначалниците на Гази Баба и на Вевчани, Борис Георгиевски и Сашо Јанкоски ја демантираат Антикорупциска дека не доставиле анкетен лист и изјавата за интереси.

– Од страна на претседателката на ДКСК на денешниот прес конференција беа изнесени лажни информации дека јас, Сашо Јанкоски во својство на градоначалник на општина Вевчани не сум доставил анкетен лист и изјава за интереси. Ова во целост го демантирам бидејќи на 24.9.2018 година сум ги испратил по пошта, а на 25.9.2018 истите се примени и во ДКСК и во УЈП. Јавно ја прашувам претседателката, ако не сум доставил анкетен лист  како тогаш истиот се нашол на страната на ДКСК – вели Јанкоски, кој до медиумите ја достави изјавата која ја дал на нотар каде јавно се откажал од заштита на банкарските сметки во домашни и странски банки.

И градоначалникот на Гази Баба вели дека во интерес на јавноста известува дека со  стапувањето на должноста до Антикорупциската комисија доставил и анкетен лист и изјавата за интереси, како и дополната на анкетниот лист поради земен кредит.

– Изјавата на претседателката на државната комисија за спречување на корупција, со која изјавува дека јас сум еден од петтемина градоначалници кои не доставиле ниту Изјава за интереси ниту Анкетен лист е целосно невистинита и очигледно станува збор за технички пропуст на комисијата – вели Георгиевски кој побара јавно извинување од претседателката Билјана Ивановска.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...