Генерал Кларк: Додека САД и ЕУ спиеа, други сили се активираа на Балканот

Мнозинството Американци и Европејци смета дека прашањето на бруталниот конфликт во Западен Балкан е решено, но, за жал, тоа е далеку од вистината, пишува во авторскиот текст за весникот „Вашингтон Пост“,пензионираниот американски генерал Весли Кларк .

769

Мнозинството Американци и Европејци смета дека прашањето на бруталниот конфликт во Западен Балкан е решено, но, за жал, тоа е далеку од вистината, пишува во авторскиот текст за весникот „Вашингтон Пост“, пензионираниот американски генерал Весли Кларк, кој командуваше со силите на НАТО во 90-те години на минатиот век.

– Минаа повеќе од две децении од кога со Ричард Холбрук и нашиот тим преговарав за завршување на војната во БиХ. НАТО тогаш реагираше и го стопираше српското етничко чистење во Косово. Денес тие држави од регионот се членки на НАТО, а две членки на Европска унија. Косово е независно – пишува Кларк.

Но, според него, дека честите политички судири од „етно-религиски карактер меѓу тие нации“ континуирано се закануваат да „метастазираат во национална и регионална криза, правејќи го регионот примарна мета за вплеткување на странски сили“.

Мешавината на лошото владеење, економска стагнација и слабите институции направија „мало, но значајно малцинство ранливо на регрутирање од страна на насилните џихадисти”, смета американскиот генерал. Сето ова го прави регионот простор, кој го експлоатираат терористичките организации и држави, како Русија, Кина и Турција.

Кларк вели дека САД поголемиот дел од обврските и ги предале на ЕУ, со оглед на тоа дека иднината на земјите од регионот е во блокот.

-Но, додека САД и Европа спиеа, други сили се активираа, вели тој.

Кремљ, според него, го зајакнува своето влијание и поттикнува спротивставување на ЕУ и НАТО, поддржувајќи екстремистички групи, обезбедувајќи воена помош и разгорувајќи етнички поделби, кои ги „вртат православните против муслиманите” намерно подигајќи „тензии, кои беа гориво за војните во деведесеттите години”.

Тој, исто така, пишува за зајакнување на улогата на Турција и за „донации од Саудиска Арабија за џамии и верски организации”. Според него и Кина го бара своето место, нудејќи инвестиции за инфраструктурни проекти кои „секогаш доаѓаат со одредени услови”.

– САД и Европа мора да останат посветени на Западен Балкан. Подрачје на слободна трговија е добра идеја, но таа не може да ги замени гаранциите кои ги даваат НАТО и ЕУ. Мора да постои јасен патоказ за членството во ЕУ. Иако народите во регионот не се согласуваат со многу прашања, тие се единствени во спротивставувањето на ИД и во економските проблеми, наведува Кларк.

Тој додава дека мора да осигура оти милијардите долари инвестирани во регионот нема да пропаднат.

– Имаме многу начини за спречување на мрачната дестабилизација на Западен Балкан. Да ја потврдуваме нашата посветеност во помогањето на овие демократии да го достигнат својот целосен потенцијал – заклучува генералот Кларк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...