Во ски – центарот „Попова Шапка“ денеска ќе се спроведе еколошка акција за да се исчистат терените и околината по завршувањето на зимската сезона.
Акцијата има задача да ја подигне свеста за заедничката одговорност и придонес во зачувување на природните убавини и туристичките предели.
Во акцијата ќе учествуваат сите вработени од ски – центарот, како и голем број граѓани и активисти.
За сите заинтересирани ќе има бесплатен превоз кој ќе поаѓа од местото „Жичара“ во Тетово во девет часот.
Акцијата е во организација на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје -Подружница „Попова Шапка“.