Тимот на Генгам, иако важеше за апсолутен аутсајдер на синоќешниот дуел со ПСЖ, сепак на крајот успеа да направи сензација и да го елиминира фаворитот во четвртфиналето од францускиот Лига куп.
Натпреварот заврши со резултат 2:1 за гостите. Ниту водството на Пари Сен-Жермен со 1:0, остварено преку Нејмар во 63. минута не беше доволно за радост на „светците“. Изненадувањето го најави Јени Н’Гбакото во 83.минута , а победата за Генгам ја донесе Маркус Турам во 90+2.минута. Двата гола победничкиот тим ги постигна од пенал. Претходно во 61.минута Турам не реализира уште еден удар од 11 метри.
Пласман во полуфиналето на Лига купот на Франција покрај Генгам, обезбедија и Монако, Бордо и Стразбур.