Геле Пановски една години по почнувањето на режимот на хроно исхрана.
Пред да го започне хроно режимот на исхрана, велешанецот Геле Пановски имал 160 килограми, а за една година успеал да ослабне цели 40 килограми.
Геле Пановски (60) од Велес имал сериозни здравствени проблеми предизвикани од прекумерната телесна тежина.
– Здравствените проблеми предизвикани од телесната тежина почнав да ги чувствувам пред три години. Се соочив со проблеми со дишењето проследено со гушење, со замор, имав проблеми со срцето проследени со брадихардија, висока хипертензија, покачен шеќер, слабокрвност, покачена седиментација, намалено железо и други здравствени проблеми – ни раскажува Геле.
Конзумирал повеќе медикаменти, за срце, за олеснување на дишењето, за намалување на крвиот притисок.
За хроно режимот на исхрана слушнал од негов пријател, а кога кај пријателот ги видел успешните резултати кои се покажале за кратко време, и тој веднаш се обратил во ординацијата „Срце“, која е лиценцирана за хроно исхрана. По лабораториските испитувања, на Геле му била препорачана посебна исхрана.
– Во почетокот ми беше тешко да се прилагодам на новиот режим на исхрана. Но, тоа прилагодување траеше еден месец, а потоа се навикнав и се чувствував многу убаво. Најтешки ми беа откажувањата од слатките и од лебот – вели Геле.
Геле пред да почне со режимот на хроно исхрана.
Првите подобрувања во здравјето ги почувствувал уште во првиот месец, кога ослабнал осум килограми. Во шестмесечниот период кој следувал, континуирано ја намалувал телесната тежина и без проблем, од 160 килограми, стасал до 136 килограми. По ова драстично и брзо намалување на тежината, следувала мала стагнација, но Геле не се откажал туку продолжил да се придржува кон хроно режимот на исхрана, следејќи ги советите на докторите и нутриционистите од ординацијата „Срце“. Килограмите повторно почнале да „топат“, па сѐ до сега, Геле намалува по два до три килограми месечно. На последното мерење во мај, вагата покажала 126 килограми.
– За новиот начин на исхрана имав голема поддршка од семејството, особено од мојата сопруга која ми ги подготвуваше здравите оброци. Во меѓувреме, се ослободив од сите апчиња кои претходно ги пиев. Следната цел ми е да стасам до нормална телесна тежина која е препорачлива за доброто здравје – вели Геле.
Успешната диетна приказна на Геле Пановски е инспирација за многу велешани кои се сведоци на неговата телесна и здравствена трансформација. Самиот Веле пак, не мисли тука да престане, туку во хроно режимот на исхрана гледа нов начин на живот кој му овозможува да се чувствува задоволно и полн со енергија.