Гевгеличанка без лиценца вршела очни прегледи

Жената вршела очни прегледи  и одредувала диоптрија на пациенти, соопшти МВР.

260

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г. (62) од Гевгелија поради постоење основи сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Како што соопшти МВР, во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи  и одредувала диоптрија на пациенти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...