Господине Шилегов не можеби, туку мора да прскате против комарци што побрзо, бидејќи градот врие од комарци, мушички и инсекти и состојбата е неподнослива, реагира Димо Петкоски секретар на Граѓанско Демократска Унија (ГДУ).
– Го повлековте тендерот, зошто се сомневавте дека средството со кое се прска е штетно. И ви текна да го испитувате во јуни. А притоа јавната набавка е почната уште на 19 февруари. Ова е навистина несериозно. И уште понесереизоно е тоа како прво избравте тендер, па отпосле почнавте да се сомневате и да согледувате што се избрале? Во градот Скопје до крајот на годината треба да се прска пет пати, а ние уште го чекаме првото и дотогаш треба да се снаоѓаме како знаеме и умееме.
Господине Шилегов, Скопјани не Ве гласаа за да се борат со инсекти. Не ве избраа за да одгледуваат бубачки и комарци и да не можат да прошетаат низ парковите, оти се преполни со легла од комарци – вели Петкоски.
Тој го потсетува Шилегов дека обврска му е да прска навремено. Тој додава дека
прскањето треба да почне во април и најдоцна треба да се испрска во почеток на мај и дека добро е да се испита што се прска, ама на тоа требало да се сети порано.