ГДУ: СЈО не смее да се укине

296

Граѓанско демокртската унија бара лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите, да престанат со пазарењата и надмудрувањата, зашто во спротивно не може да се зборува за независни правосудни органи.

„Повторно сме сведоци на политички пазарења, сега за СЈО. Во право е премиерот кога вели „кои се Мицкоски и Заев па да кажуваат дали им се допаѓаат обвинителите“, а ние прашуваме кои се СДСМ и ДПМНЕ да преговараат за обвинителството, зад затворени врати да кројат решенија кои им одговараат само нив?! Ги прашуваме Заев и Мицкоски дали Прибе во Извештајот препорача вие да преговарате за Обвинителството? Дали политичкиот пазар е европска вредност?“, се наведува во соопштението на ГДУ.

ГДУ потсетува дека реформите се неопходни и оти за добивање датум за почеток на преговорите клучни се реформите во правосудството, но не реформи кои се плод на политички пазар.

„СЈО не смее да се укине. Мора да ја врати довербата кај граѓаните, да работи неселективно и да ја оправда целта – бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Сомнежите постојат и тие се оправдани, ова е тест пред бриселската одлука Заев и Мицкоски да покажат дека не се борат за скриена амнестија и созавање можности да се избегне правдата“, се додава во соопштението на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...