ГДУ се сомнева дека мерните станици намерно се исклучуваат

360
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

ГДУ се сомнева дека мерните станици намерно се исклучуваат и апелира надлежните наместо да се кријат, да излезат на терен.

„Притоа од активистите слушаме дека инспекторите од Град Скопје стравувале за својот живот и не можат да интервенираат во одредени делови од Скопје бидејќи добивале закани. Бараме да се истражат овие наводи и на инспекторите да им се овозможи непречено да си ја вршат својата работа. Но наводно се плашеле и од полицијата. Спасовски дали се точни овие наводи? Дали ќе сториш нешто ? Ќе преземе
ли нешто власта или ќе не остави да се труеме?“, прашува ГДУ.

Оттаму додаваат дека црни густи чадови со најтоксични отпади секојдневно нe трујат. Скопје мириса на изгорено, дишеме отрови, а функционерите се тука само за сликање.

„Надлежните наместо да бидат на терен и да преземаат нешто, тие дремат по
канцеларии и кафани. Граѓаните и активистите џабе апелираат и пријавуваат. Службите работат до 16 часот, па после работно време никој ништо не го интересира. Најголем дел од мерните станици не работат.

Мора да се преземе нешто! Статистиките за заболувања од малигни болести се загрижувачки. Децата ни дишат отрови. Загрозена е безбедноста од загадениот воздух“, велат од ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...