ГДУ: Премиере, дел од администрацијата сѐ уште е на „хахаха-хихихи и ајде по кафичите“

517

Над 780 илјади евра месечно се исплаќаат на вработените по Рамковниот договор. Повеќе од 1.600 лица земаат плата поголема од 450 евра, седејќи дома, во оваа држава или во странство, реагираат од Граѓанско демократската унија (ГДУ).

Операцијата за „активирање“ на лицата кои беа вработени по Рамковниот договор и кои со години земаа плата, а не одеа на работа, потенцираат од партијата, остана само најава. Оттаму го потсетувавме и вицепремиерот Хазби Лика на Законот кој вели дека „три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ“.

– Па сега кога веќе се најавува „метлата“, ние предлагаме да се почне со „метење“ во јавната администрација. Прво да се реши проблемот кој со години се провлекува. За почеток „заметувањето“ да биде во делот со најпривилегираните административци, а потоа метлата да го фати и вицепремиерот Лика, кој исто така не одеше на работа, а и со години се крие од јавноста без да даде одговор дали вака ги следи европските правила – бараат од ГДУ.

Реформите во администрацијата се неминовни, како што велат, не заради ЕУ, пред се заради самите нас, а потоа за Брисел. 

– Премиере Заев, дел од администрацијата сѐ уште пие кафенце нога преку нога, што би рекле вие „хахаха-хихихи и ајде по кафичите“. Камшикот што го спомнавте не го видовме, ајде да ја видиме метлата, ако сакаме да ја видиме Европа – велат од ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...