Со положување свежо цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев, Дамјан Груев и Методија Андонов Ченто, на плоштадот во Скопје, дел од раководството на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) го одбележа државниот празник на Република Македонија 2 Aвгуст, Илинден.
Делегацијата на ГДУ беше преdводена од претседателот на партијата Петар Колев. Присутни на одбележувањето беа м-р Александар Попоск,- потпретседател на ГДУ, секретарот на партијата Димо Петкоски и членот на Управувачкиот комитет, Јована Спасевска.
Претседателот на ГДУ, Петар Колев, се обрати кон останатите политички партии во Република Македонија и порача да престанат да го користат Илинден за партиски цели.