ГДУ: Нов изборен модел, итен попис и чистка во Избирачки список

531

Итно спроверувње на попис и целсоно прочистување на Избирачкиот список. Сега кога на големо се зборува за предвремени парламентарни избори, прво што треба да направиме е да се преброиме, бара Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

„Во прочистувањето на списокот, голема улога ќе има пописот. Бранко Црвенковски и Талат Џафери не можеа да гласаат зошто ги немаше во списокот со гласачи. Ова не се само два случаи, ги има многу повеќе. Да, референдумот само ги зголеми сомнежите и ја намали и онака малата доверба во Избирачкиот список. Затоа бараме од лидерите пред да почнат со пазарења, да покажат политичка воља и конечно да ја спроведеме статистичката операција, која според светските стандарди се спроведува секои 10 години“, наведуваат од партијата.

Македонија, како што наведуваат од ГДУ, е единствена европска земја која нема спроведено попис во рамки на светските стандарди. Оттаму укажуваат дека мора да се најде и решение за проблемот кој со години се провлекува и Народниот правобранител редовно укажува, а тоа е спорната методологија која се користи при правењето на Избирачкиот список. Од него, потенцираат, автоматски се бришат сите оние на кои им истекува важноста на личната карта помеѓу затворањето на Избирачкиот список и денот на спроведувањето на изборниот процес.

„И мора под итно промена на изборниот модел, зошто со овој двата табори ќе си возат, а Македонија ќе си тапка во место. Ниту едните, ниту другите можат да понудат нешто квалитетно. Една изборна единица и отворени листи, зошто граѓаните сакаат слободно да изберат сами, а не лидерите да избираат меѓу нив“,наведуваат од ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...