ГДУ на Самит на слободата на Алијансата на конзервативците и реформаторите

Делегацијата на ГДУ била предводена од потпретседателот Александар Попоски, а ја сочинувале членовите на Управувачкиот комитет: Јована Спасевска, Добре Митрев и Александар Тодоровски.

218

Евроинтеграциите на нашата земја, реформите во економијата и безбедноста како и миграцијата, процедурите и правилата кои се однесуваат на азил биле тема на разговор на претставници на Граѓанско Демократската Унија – ГДУ на средбата со претседателот на Алијансата на конзервативците и реформаторите (АКРЕ) Јан Захрадил.

Како што соопштија од ГДУ средбата се реализирала во рамки на Самитот на слободата на Алијансата на конзервативците и реформаторите (АКРЕ) што се одржа вчера во Софија.

Делегацијата на ГДУ била предводена од потпретседателот Александар Попоски, а ја сочинувале членовите на Управувачкиот комитет: Јована Спасевска, Добре Митрев и Александар Тодоровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...