Претставници на Граѓанско демократската унија (ГДУ), Ѓорги Трендафилов, претседавач на Националниот комитет на партијата, членот на Управувачкиот комитет Јована Спасевска и членот на Националниот комитет Александра Трнковска, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на гробот на големиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 115-тата годишнина од неговото загинување на 4 мај 1903 г. крај селото Баница.
„ГДУ како партија која се залага за слобода, еднаквост и правда, како темелни вредности во нашето општество, стои цврсто позади идеалите за кои се борел и апостолот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев. Вечно ќе остане врежано во колективното сознание на Македонија начинот на кој револуционерот Делчев го разбирал светот, а имено како поле за културен натпревар помеѓу народите, што е и една од основните вредности на модерна и обединета Европа“, се наведува во соопштението на ГДУ.