ГДУ: Македонија заслужува да го продолжи својот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ

257

Мислам дека успеавме достојно да ја претставиме и да ги заштитиме позициите на нашата замја на тридневната сесија на Европските конзервативци и реформатори-ЕКР, соопшти ГДУ.

– Република Македонија заслужува иднина, заслужува да го продолжи својот пат кон полноправно членство во НАТО и ЕУ. Во тој тежок и полн со предизвици пат секој еден политичар потребно е да го вложи својот капацитет до максимум.
Тоа е така не само поради фактот дека знамето на нашата татковина треба да се вее до знамињата на останатите безбедни и развиени земји од Западот, тоа е така затоа што и нашите граѓани очекуваат реални промени и реформи во нашето општество.
Секој еден од нас сака да живее во Македонија која ќе биде безбедна, економски просперитетна и успешна. Но тоа нема како да се случи без имплементација на европските вредности во сите сфери на општествениот живот,  велат од ГДУ.

Според партијата, ќе нема безбедност ако нема владеење на правото, независно правосудство и безбедносни служби кои ќе бидат професионални, а не да се користат за пресметка со неистомислениците.

– Ќе нема економски раст, силно здравство, ако не го модернизираме и европеизираме нашето образование. Ако не одделуваме повеќе средства за здравство, ќе се лекуваме со стари технологии, а лекарите и медицинскиот персонал ќе изберат иднина во некои од европските земји. Тоа нема да го постигнеме со патните трошоци на пратениците кои сѐ уште се истите и за жал за тоа сите сложно молчат. Нема да го постигнеме и со оваа администрација која е нереформирана и секој ден се „дуе“ со нови партиски капацитети.
Тешко ќе ни оди целиот овој процес, затоа што многумина заборавија за паролата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР, но ние ја паметиме и немаме друга алтернатива освен да ја
реализираме. Некој треба да се спротистави, но одговорно и конструктивно на сите грешки и небулози кои се случуваат во нашата земја. Но, не со плукање по амбасади и рушејќи ги позициите на земјата на меѓународни форуми. Нека нашите внатрешни проблеми ги решаваме дома и одговорно, а кога сме надвор како еден да работиме за нашиот успех.
Бидејки се работи за иднината на нашата татковина Република Македонија и идните поколенија кои доаѓаат после нас, вели ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...