Борбата против широко распространетата корупција останува да биде само декларативна заложба на власта. Годишниот извештај за човекови права во Северна Македонија објавен од страна на американскиот Стејт департмент е потврда дека нема резултати во борбата против корупцијата, соопшти ГДУ.
– Кога се работи за овој сериозен проблем, очигледно дека политичарите се силни само на зборови. Притоа Стејт департменот укажува и на ограничената независност на судската власт, но и на поделеноста на медиумити и на заплашување на новинари, политизација на јавната администрација. Овие наводи се навистина загрижувачки. Притоа треба да биде јасно дека врз основа на овие работи ќе се носи и одлука во ЕУ дали ќе се започнат преговори. Имаме уште неколку месеци.
ГДУ како партија постојано алармира дека мора да се засукаат ракавите и не само со зборови, туку и со дела да се покаже дека постои желба да одиме напред. Мора да се почитуваат правото и правдата, политичарите да ги тргнат рацето од судството и медиумите, во аминистрацијата да се вработуваат кадри врз основа на образование, квалификации и знаење, а не пресудна да биде партиската книшка, соопшти ГДУ и предупреди дека корупцијата бара радикална борба, а не парцијално дејствување и затоа ја охрабруваме Антикорупциска комисија да не подлегнува на никакви притисоци.