ГДУ: Има ли пилот во македонското здравство?

203

Има ли некој во македонското здравство да каже или барем да даде некој знак, што точно се случува, реагира потпретседателот на ГДУ, Енсер Јусуфоски. Тој додава дека  граѓаните останаа без зборови и збунети од некои постапки и мерки објавени и превземени од страна на министерството за здравство.

– Нема ни трага ни глас од поевтинувањето на лековите, уште потешко стана снабдувањето со лекови за осигурениците на фондот за здравство, проблемот со вакцинациите излезе од контрола па родителите станна уште поголеми скептици кон најдобриот лек превенцијата бидејќи министерот и неговиот заменик се изгубија во преводот и контекстот. Како последица на тоа министерот реши да вработи уште двајца нови советници без да ја образложи нивната потреба, и наместо да ги решава наталожените проблеми како плати за сите специјализанти, поништување на лихварските договори потпишани од претходната влада,плати за дежурства за специјализантите иднината на македонското здравство. И онака малата надеж што ја имаа речиси исчезна во мракот – вели Енсер Јусуфоски, потпредседател на ГДУ.

Според него, наместо да се работи темелно и плански се работи хаотично и моментално почнувајќи од министерството па до матичните лекари и обратно.

– Лекарската комора е како нем набљудувач кој тивко го одобрува деградирањето на лекарската фела, и во моментот само наплаќа членарина и си дели дневници на најразлични нефункционални тела и комисии. Од 2006 година па наваму речиси еден милиметар нема застапено зад лекарите освен што издава потврди на колегите кои едвај чекаат да си заминат од ова лудило. Наместо да ги застапува и штити правата на лекарите речиси се безгласни кон другите, државни институции кои треба да ги спроведат правата на лекарите -вели Јусуфоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...