ГДУ: Излези Мицко право на тераса и кажи му на народот да гласа

1319

Иако кампањата за референдумот официјално стартува на 10 септември, власта веќе почна да пропагира, а ДПМНЕ и натаму тактизира и калкулира. Го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе и да каже пред јавноста дали ги повикува неговите поддржувачи да гласаат „против“, дали на бојкот или пак ќе ги повика секој да гласа според сопственото убедување, соопшт ГДУ.

– Го слушаме последниве денови како повторува дека е неопходна исцрпна дебата. Па господине Мицкоски две децении дебатираме околу ова прашање, на секој изборен циклус вашата партија им гарантитраше на граѓаните дека ќе има право да се изјасни за името на реферндум и сега кога имаме шанса за тоа, вие демек не знаете што ќе правите. Продолжувате со вашето несериозно однесување.
Бидејќи велите дека на големо се дебатира во вашата партија, должни сте на јавноста да и објасните, ако овој Договор кој сега е направен со Грција е капитулантски, каков договор би направиле вие?
Како лидер на проевропска и прозападна партија мора и да одговорите дали постои друг пат за ЕУ и НАТО?
Властите ги потсетуваме дека овој процес не смее да има никакви дамки. Граѓаните мора да имаат комплетна слика пред референдумот, без недоречени работи. Информативниот карактер на кампањата е најважен.
Сакаме уште еднаш да потсетиме дека референдумот и визијата за иднината на земјата не треба да се врзува со поддршка за една или за другата партија и ова е можност за надпартиска одлука, стои во соопштението на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...