ГДУ: До кога државните компании ќе ги сместуваат децата на партиските јуришници?

„Oние кои немаaт родители на високи функции како Талат Џафери или одработуваат за партиите на власт како Мирослав Грчев и „дипломатот“ Ристо Никовски, имаaт ли право на работа и кариера или да фаќаaт патот од Македонија?“, прашува ГДУ.

489

До кога државните компании како и јавната администрација ќе бидат простор за сместување на партиските јуришници и деца на функционери во државата?, реагира ГДУ на низата вработувања на деца на функционери.

„Oние кои немаaт родители на високи функции како Талат Џафери или одработуваат за партиите на власт како Мирослав Грчев и „дипломатот“ Ристо Никовски, имаaт ли право на работа и кариера или да фаќаaт патот од Македонија?“, прашува ГДУ.

Од партијата прашуваат и зошто новата влада ги продолжува лошите практики на старата?

– Се додека ова е практика во нашата татковина и милион препораки од ЕК нема да не модернизираат и европеизираат. Ова не е прашање на студентски просек или ниво на образование ова е прашање на морал и однос кон политиката. Во земја во која повеќе од половината млади луѓе се без работа и перспектива да си ги вработиш сопствените деца од позиција на власт е благо кажано невоспитано – велат од ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...