ГДУ: Дали новите „бомби“ треба да ја ослабнат ДУИ пред реконструкцијата?

157

Никој не е незаменлив, но некои тоа никако да го сфатат. Кога се во прашање оставки или „метлата“ очигледна е нервозата и чувствителноста  кај ДУИ, особено по протекувањето на нови нелегално прислушувани разговори на социјалните мрежи за функционери токму од оваа партија, соопшти ГДУ.

Од таму додаваат дека на Заев потешко ќе му оди со „метењето“ во Владата, отколку во партијата, со оглед на тоа што министрите од ДУИ јасно порачаа дека за нив одлучува лидерот Ахмети, а не премиерот.

– Ова ќе биде тест за премиерот, дали ќе се ослободи од неспособните, или лидерот ќе ги заштити „белите мечки“. Но она што се наметнува како дилема е зошто новите „бомби“ се појавија пред владината реконструкција? Дали целта е за да се намали влијанието на ДУИ во коалицијата? Дополнително загрижува ширењето на нови прислушувани разговори преку интернет. Заев убедуваше дека сите материјали се во рацете на Јанева и нејзиниот тим. СЈО сега не убедува дека новите „бомби“ не се од кај нив, а МВР и Основното јавно обвинителство никако да истражат до крај како овие разговори излегуваат во јавност – велат од ГДУ.

ГДУ бара надлежните да одговорат од кога се овие прислушувани разговори и како стигнале во рацете на објавувачите. Колку вакви материјали има како што се шпекулира на црниот пазар во земјава и надвор од границите на државата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...