ГДУ: Грција работи како Тројански коњ на Балканот

338

Грција во последните години упорно застапува позиции кои оставаат отворени прашања на Балканот кои до голем степен не дозволуваат интеграција на државите од Западен Балкан во структурата на НАТО и ЕУ. Непризнавањето на Косово, кое е од интерес на Србија и се разбира на Русија, како и блокирањето на Македонија, поддршката на позициите на конфликт во Босна, како и константната конфликтност и несигурност во односите со Турција се оние геополитички моменти кои до голем степен го прават Балканот несигурно место и простор за реализирање на туѓи интереси, велат од Граѓанско демократската унија (ГДУ).

„Се надеваме дека нашите сојузници ги оценуваат високо нашите напори како земја, но и заложбите на нашите граѓани за интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ. Постои национален консензус од политичките субјекти без разлика дали се власт или опозиција, дали се парламентарни или вонпарламентарни. Оставањето простор на сомнеж би предизвикало чудни, но и опасни внатрешно политички движења, кои би ја отвориле ширум вратата на популизмот. Позицијата ДА за ЕУ, а за НАТО „ќе видиме“ не е прифатлива за нас. Мнозинството граѓани на нашата земја сакаат да бидат дел од семејството на обединета Европа, но не помалку се стремат кон членство во семејството за безбедност-НАТО“, пишува во соопштението од ГДУ.

Оттаму велат дека очекуваа безрезервна поддршка од нашите стратешки партнери САД, со јасна цел Македонија да биде 30-тата членка на Алијансата. Ако се пропушти овој момент, имајки ја предвид голготата преку која помина Македонија, наведуваат од ГДУ, искрено сме загрижени од можноста за нова дестабилизација како на нашата земја така и на регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...