ГДУ бара оставка од Спасовски

333

ГДУ преку соопштение му се обраќа на министерот за внатрешни Оливер Спасовски со надеж дека тој веќе ја доставил својата оставка до премиерот Зоран Заев за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски.

– Почитуван Спасовски се надеваме дека во овој момент му ја предадовте оставката на премиерот Заев поради морални причини. Логично денеска сите си го поставуваат прашањето како поранешниот премиер со одземен пасош успеа да ја напушти Македонија? Додека зборувавте за зајакнато полициско присуство на излезот од Скопје и на граничните премини, Груевски се јави од Унгарија.

Освен Груевски избега и Јетон Љужа третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски –Саздо. МВР со денови молчеше и не кажуваше кој е третиот што учествувал во убиството на 21-годишното момче. Кога се одважи министерството предводено од Спасовски да го открие, тој веќе не беше во земјава, соопшти ГДУ.

Од таму потсетуваат дека неодамна среде Скопје со испукани над 25 куршуми од калашников од возило во движење, две лица биле брутално убиени. МВР по повеќе од еден месец не успеа да открие кој пукаше од зелениот Ленд Ровер. Не се фатени ниту убијците на Дилавер Бојку и Мартин Јанушев.

– Премиерот бездруго има сериозни проблеми со својот кабинет, козметичките рокади нема да бидат доволни, соопшти ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...