Граѓанско демократската унија (ГДУ) бара министерот за животна средина Садула Дураку да даде оставка, по како што наведуваат, скандалозната изјава дека не го интересираат граѓаните.
– Министерот за животна средина прв пат и тоа непланирано се појави во јавноста и ни кажа дека не се занимава со граѓаните.Епа министре Дураку, ако вие не се занимавате со граѓаните, тогаш одете си од функцијата. Зошто уште министерувате, со што досега ја оправдате платата од 72 илјади денари која ја земате и довербата која ви ја дале оние кои ве назначија?И впрочем ако не ве интересираат граѓаните зошто некој ви доверил таква работа – да бидете министер?- прашуваат од ГДУ.
Од ГДУ сметаат дека е одвишно правдањето на Дураку оти не се изразил добро.
– Џабе ви е правдањето, дека не сте се изразиле доволно јасно. Но за едно сте во право, точно е дека Македонија не е Швајцарија.Најзагадена држава сме во Европа. Се угушивме, а вас никаде ве нема да кажете што ќе превземете. Си се шетате само по прослави.Министре Дураку, наместо да трошите време на празни соопштенија дека жалите што не сте се изјасниле доволно јасно, требаше да си ја напишете својата оставка – велат од ГДУ.
Оттаму и со став дека ова е уште еден доказ за сериозни проблеми во кадровските решенија на Владата. И ова е уште една потврда дека козметичките рокади не се доволни.