ГДУ: Ако не се испочитува Венецијанската комисија, го ризикуваме членството во ЕУ ВИДЕО

1072

Венецијанската комисија е советодавно тело на Советот на Европа и има
задача да формулира стручни мислења во однос на законодавството во
земјите членки и земјите кандидати за членство во ЕУ. Од тука ГДУ
предупредува на сериозноста дека ако не се испочитуваат препораките кои
ги даде оваа институција за Законот за употреба на јазиците, ние го
ризикуваме членството во Европската Унија, изјави Дарко Попоски, портпаролот на ГДУ на денешната прес конференција.

– И в година може да останеме без датум, доколку на СДСМ и ДУИ, поважна им
е коалицијата од правото. ДУИ не знаела дека цел закон бил испратен во
Венецијанската комисија, мислеле само делови, па се лутат бидејќи не
било така договорено со коалиционите партнери. Ама се лутат и СДСМ, сега
си го присвојуваат носењето на законот како нивна заслуга, зошто ДУИ ако
сакале нешто да направат имале можност и претходно. А, слушаме и такви
изјави од истакнати функционери од ДУИ како велат дека со СДСМ имале
проблеми, а го фалат ВМРО-ДПМНЕ дека било принципиелно – вели Попоски.

– Јасно е дека сме во предизборие, но до каде ќе оди лицемерието само за
да се зачуваат фотелјите? Граѓаните многу добро знаат кој што и како
прави и затоа лицемерието на овие избори ќе биде казнето – порача Попоски.

Тој истакна дека подигање на меѓуетнички тензии на никој не му треба, а на народот му е смачено пред секои избори да се враќаат етничките прашања.

– И на Македонците и на Албанците и на другите заедници во оваа држава им е
важно да владее правото, да има институции во кои ќе веруваат, да се
зголеми стандардот и да биде полесна живеачката. Правото мора да биде над партиските интереси. Мислењето на Венецијанската комисија содржи сериозни забелешки. Јасно се кажува што треба ние како држава да направиме. Не може да бараме некакви концепти и да го изиграме мислењето. Како тоа ќе се бараат начини да се имплементираат препораките, а законот да не се менува? Предупредуваме дека коалицијата на власт во обид да го зачува партнерството стабилно, може да ја загрози европската перспектива на земјата – вели Попоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...