Холивудската актерка Гвинет Палтроу се соблекла гола и фотографијата излезе на Инстаграм, пишува британски „Сан“.
Фотографијата на целосно голата русокоса која вежба јога во планината излезе на Инстаграм-профилот на „Гоп“ кој е во сопственост на актерката, а не требаше долго за фотографијата да ги преплави сите светски медиуми. Иако илјадници луѓе се воодушевени од фотографијата, многумина се згрозени од исклучително тенката фигура на познатата актерка.
„Ѝ се гледаат ребрата, ова е катастрофално“, „Кога ќе престане културата на анорексичните жени во медиумите“, „Изгледа како со денови да се изгладнува“, „Ова е многу лошо, премногу е слаба“, се само некои од коментарите на фотографијата.
Меѓутоа, многумина помислиле дека на фотографијата не е Гвинет, туку дека ангажирала манекенка која многу наликува на неа.
Актерката годинава ќе наполни 47 години.
FOTO: Instagram/Printskrin