Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека уште во септември по триумфот над Челзи, сфатил дека неговиот тим е најсериозен кандидат за титулата во Премиер лигата.
Според Гвардиола и покрај минималната победа од 0:1 на „Стемфорд бриџ“, таа сепак на неговиот тим му дала голема самодоверба.
– Мислам дека победата беше исклучително важна, бидејќи ни даде самодоверба за целата мината сезона. Со победата на „Стемфорд бриџ“ го добивме она чувство дека можеме да ја освоиме титулата – истакна тренерот на Сити.
Гвардиола нагласи дека неговиот тим е составен главно од млади, но квалитетни играчи кои постојано мора да се подобруваат и докажуваат. Според него оваа титула е исклучително важна за Сити да се изгради и како клуб, бидејќи не е како Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал кои имаат богата историја зад себе.